Стар Завет

Нов Завет

Исаија 43:6-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Ќе му речам на север: ‘Дај ми го!’ а на југ: ‘Не задржувај го!’ Доведи Ми ги синовите од далеку, а Моите ќерки од крајот на земјата,

7. сите кои се наречуваат со Моето Име, и кои ги создадов за Своја Слава, кои ги створив и ги направив.”

8. Изведи го слепиот народ, иако има очи, и глувиот, иако има уши.

9. Нека се соберат сите племиња и нека се приберат сите народи. Кој од нив го прорече тоа и го навести одамна? Нека доведат сведоци за да се оправдаат, нека се чуе дека може да се рече: „Вистина е!”

10. „Зашто вие сте Ми сведоци,” слово е Господово, „и Мои слуги кои ги избрав, за да знаете и верувате и да видите дека тоа Сум Јас. Пред Мене ниеден бог не беше направен и не ќе биде после Мене.

11. Јас, Јас Сум Господ, нема Спасител освен Мене.

12. Јас прореков, спасив и навестив, и нема туѓинец меѓу вас! Вие сте Ми сведоци,” слово е Господово, „а Јас Сум Бог,

13. од вечноста - Јас Сум! И никој не избавува од Мојата рака; што ќе направам, кој може да го измени?”

14. Вака говори Господ, вашиот Искупител, Израелевиот Светец: „Заради вас испратив во Вавилон, ќе ги кутнам лостовите на затворите, и Халдејците ќе почнат да лелекаат.

15. Јас Сум Господ, вашиот Светец, Израелевиот Творец, вашиот Цар!”

16. Вака зборува Господ, кој направи пат по морето и патека по силните води;

17. „Кој ги изведе бојните коли и коњаниците, војската и јунаците, и тие паднаа за да не се кренат веќе, згаснаа, се угаснаа како фитил:

Прочитајте целосна глава Исаија 43