Стар Завет

Нов Завет

Исаија 44:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Но од она што ќе остане си прави бог, свој идол, паѓа пред него ничкум и му се клања и моли: „Спаси ме, зашто ти си мој бог.”

18. Не знаат тие и не разбираат: очите им се заслепени, па не гледаат, и срцето, па не сфаќаат.

19. Таквиот не размислува, во него нема ни знаење ни разумност да си рече: „Со половината од ова запалив оган, испеков леб на жарта, го испржив месото што го изедов, па зар од останатото ќе направам гад? Зар ќе му се клањам на дел од дрво?”

20. Тој ја сака пепелта, измаменото срце го заведува. Не ќе го спаси својот живот и никогаш не ќе рече: „Не е ли измама ова во мојата десница?”

Прочитајте целосна глава Исаија 44