Стар Завет

Нов Завет

Исаија 44:7-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Кој е како Јас? Нека стане и нека зборува, нека навестува и нека Ми изложи! Кој откри, од вечноста, што се случило? Нека ни навести уште што ќе дојде!

8. Не плашете се, не бојте се: нели оддамна ви го навестив тоа и ви го открив? Вие сте Ми сведоци: има ли Бог освен Мене? Има ли Стена? Јас за друга не знам!’”

9. Секој што прави кипови, ништожен е, и неговите скапоцености не се полезни за ништо. Нивните сведоци не гледаат ништо и не знаат ништо, да им бидат за срам.

10. Кој прави бог и лее кип нема полза од тоа?

11. Ете, сите почитувачи на ликовите ќе бидат засрамени, нивните изработувачи повеќе од било кога. Нека се соберат сите и нека се појават: одеднаш ќе се исплашат и ќе се засрамат.

12. Ковачот го изработува врз жив јаглен, го вообликува со чекан, го обработува со силна рака. Гладен е и изнемоштен; не пие вода, се исцрпува.

13. Дрводелецот зема мерка, го оцртува ликот со писалка, го истружува со длето, го заокружува со пергел и го изделкува по углед на човечкиот лик, како убаво човечко обличје, за да стои во куќата.

14. Си насече за себеси кедри, зеде чемпрес или даб што ги одгледуваше за себе среде горските дрва; или посади бор што расте од дожд.

15. На човека му се добри за оган; ги зема да да се огрее; ги пали за да испече леб. Но од нив делка и бог, пред кого паѓа ничкум, прави идол и му се клања.

16. И така, половина од тоа запалува оган, пече месо на жар, јаде печено и се сити: се грее и говори: „Ах, се греам и уживам покрај огнот.”

17. Но од она што ќе остане си прави бог, свој идол, паѓа пред него ничкум и му се клања и моли: „Спаси ме, зашто ти си мој бог.”

Прочитајте целосна глава Исаија 44