Стар Завет

Нов Завет

Исаија 46:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Вил падна! Нево се урна! Ги натоваруваат своите идоли на животните и на добитокот, ги носат како бреме, товар што заморува.

2. Паѓаат, се рушат сите заедно, не можат да ги спасат оние кои ги носат, туку и самите заминуваат во ропство.

3. „Слушај Ме, Јаковов доме, и сите што останавте од Израелевата куќа! Јас ве понесов туку што се родивте и ве носев од мајчиното крило.

4. Јас ќе останам ист до вашата старост, ќе ве потпирам до вашето побелување. Тоа го правев; ќе ве носам и натаму, ќе ви помагам, ќе ве избавувам.

5. Со кого би сте Ме споредиле и изедначиле, со кого би сте Ме споредиле, кому Сум му сличен?

Прочитајте целосна глава Исаија 46