Стар Завет

Нов Завет

Исаија 47:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Снижи се, седни во правот, девице, вавилонска ќерко! Седни на земјата, без престол, халдејска ќерко! Зашто, не ќе те викам веќе нежна и раскошна.

2. Земи рачна мелница и мели брашно! Симни го превезот, подигни ги краиштата на облеката, разголи ги бедрата, премини преку реката!

3. Нека се открие твојата голотија нека се покаже твојата срамота! Јас ќе се одмаздам, никој не ќе Ме спречи.”

4. Нашиот откупител, името Му е Господ над Војските, Израелевиот Светец вели:

Прочитајте целосна глава Исаија 47