Стар Завет

Нов Завет

Исаија 47:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. И така, запри со своите вражања и со толкуте свои баења, околу кои се трудеше од младоста. Ако можат да ти бидат од полза? Ако можеш со нив да предизвикаш страв?

13. Те изморија твоите многубројни советници! Нека станат само да те спасат оние кои ги премеруваат небесата, кои ги набљудуваат ѕвездите и кои секој месец проречуваат што ќе те снајде.

14. Ете, тие ќе бидат како плева, оган ќе ги изгори. Ни самите себе не ќе се избават од силата на пламенот. Не ќе остане ни жарче, за да се огрее некој, ни огниште, да поседи покрај него!

15. Такви ќе бидат твоите вражалци, со кои се трудеше од младоста! Секој ќе тргне по својот пат, и не ќе има никој да те спаси.

Прочитајте целосна глава Исаија 47