Стар Завет

Нов Завет

Исаија 47:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Нека се открие твојата голотија нека се покаже твојата срамота! Јас ќе се одмаздам, никој не ќе Ме спречи.”

4. Нашиот откупител, името Му е Господ над Војските, Израелевиот Светец вели:

5. „Седи молчејќи, повлечи се во темнина, халдејска ќерко. Зашто, нема веќе да те викаат владетелка на царствата.

6. Се разгневив на Својот народ, го запустив Своето наследство. Ти ги предадов тебе во рацете, а ти не им искажа милост. На старците го ставаше своето претешко бреме.

7. Зборуваше: ‘Довека ќе останам господарка.’ Никогаш тоа не го зеде на срце, ниту помисли како ќе заврши.

8. А сега послушај, развратнице, која седиш безгрижно и во своето срце говориш: ‘Јас и никој друг! Никогаш не ќе овдовеам, не ќе ги изгубам децата!’

9. Двете нешта ќе те стигнат, во миг, во ист ден! Ќе ги изгубиш децата, ќе овдовееш! Со полна мерка ќе те најдат двете нешта покрај сето твое вражање и мноштво на твоите проклетства!

10. Се надеваше во своето зло, зборуваше: ‘Никој не ме гледа!’ Твојата мудрост и знаењето те заведоа. Во своето срце велеше: ‘Јас и никој друг!’

Прочитајте целосна глава Исаија 47