Стар Завет

Нов Завет

Исаија 49:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Чујте ме, острови, слушајте внимателно, далечни народи! Господ ме повика од мајчиното крило, уште од утробата на мојата мајка го спомна моето име.

2. Од мојата уста направи остар меч, ме скри во сенката на Својата рака, од мене направи остра стрела, ме засолна во Својот тул.

3. Ми рече: ‘Ти си Мој слуга, Израеле, во кого ќе се прославам!’

4. А јас реков: ‘Напразно се измачував, за ништо ја напрегнував силата. Сепак, моето право е во Господа, мојата награда е кај мојот Бог.’”

5. „А сега зборува Господ, кој уште од утробата ме направи Свој Слуга, за да му го вратам назад Јакова, за да се собере Израел. Се прославив во Господовите очи, мојот Бог ми беше сила.

Прочитајте целосна глава Исаија 49