Стар Завет

Нов Завет

Исаија 49:11-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Сите Свои планини ќе ги претвори во патишта и сите Мои патишта ќе се издигнат.

12. Ете, едни доаѓаат од далеку, други од север и од запад, а некои од Синимската Земја.”

13. Воскликнувајте, небеса, весели се земјо, подвикнувајте од веселба планини; зашто Господ го теши Својот народ, Тој им е милостив на страдалниците.

14. Сион рече: „Господ ме остави, Господ ме заборави.”

15. Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба? Па кога некоја и би заборавила, Јас нема да те заборавам тебе.

16. Ете, те врезав во Своите дланки, твоите ѕидови секогаш Ми се пред очите.

17. Твоите обновувачи итаат, твоите разурнувачи и запустувачи си одат од тебе.

18. Обѕрни се околу себе и погледај: сите се собираат и доаѓаат кон тебе. Жив Сум - слово е Господово - со сите нив ќе се облечеш како со накит, и ќе се украсиш со нив како невеста!

19. Да, твоите урнатини, твоите запустености и твојата запустена земја ќе бидат претесни за твоите жители, кога ќе се оддалечат оние што ја уништуваа.

20. Пак ќе ти речат во твоите уши синовите, од кои беше лишена: ‘Претесно ми е ова место, мрдни се за да можам да се сместам.’

21. И ти ќе се запрашаш во своето срце: ‘Кој ми ги роди сите овие? Бев без деца, неплодна, протерана и отфрлена, па кој ги гледаше? Ете, бев останата сама, а тие каде беа?’”

Прочитајте целосна глава Исаија 49