поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66

Стар Завет

Нов Завет

Исаија 50 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ говори вака: „Каде е разводното писмо на вашата мајка, со кое ја отпуштив? Или кој е тој од Моите заемодавци кому ве продадов? Заради своите беззаконија сте пропадени, заради невера е отпуштена вашата мајка.

2. Зошто не најдов никого кога дојдов? Зошто не се одѕва никој кога повикав? Зар ми е раката прекуса за да избавам, или нема сила во Мене за да ослободам? Ете, со Својата закана го пресушувам морето, реките ги претворам во пустина; нивните риби се распаѓаат зашто нема вода, и гинат од жед.

3. Ги облекувам небесата во темнина и им давам вреќиште за покривка!”

4. „Господ Господ ми даде вешт јазик за да знам да ги закрепнувам уморните со зборови. Секое утро Тој ми го буди увото за да го чујам како учениците.

5. Господ Бог ми ги отвори ушите: Не се противев, ниту се повлекував.

6. Им го подметнав грбот на оние кои ме удираа, а образите на оние што ми ја кубеа брадата, и своето лице не го скрив од навредите и од плукањето.

7. Господ Бог ми помогна, затоа не ќе се збунам. Затоа го направив својот образ како кремен, и знам дека нема да се засрамам.

8. Близу е оној Кој ми дава право. Кој ќе се правда со мене? Да излеземе заедно! Кој е мојот противник во парницата? Нека ми се приближи!

9. Ете, Господ Бог ми помага, кој ќе ме осуди? Сите тие ќе се истенчат како облека, молец ќе ги изеде.

10. Кој од вас се бои од Господа, нека го послуша гласот на Неговиот слуга! Кој оди во темнина, без зрак на светлина нека се надева на Господовото име, нека се потпре на својот Бог.

11. Но сите вие палите оган, ја распалувате жарта. Одете во пламенот на својот оган, и во жарта што ја распаливте. Мојата рака ќе ви направи така: ќе лежите во маки.