Стар Завет

Нов Завет

Исаија 51:12-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. „Јас Сум вашиот Утешител. Кој си ти за да се боиш од смртен човек и од човечки син, кој е како трева?

13. Го заборави Господа, својот Создател, Кој ги распростре небесата и Кој ја основа земјата; непрекратно трепериш, секој ден, од гневот на угнетувачот. Како да се приготвува за да се уништи. Но каде е сега гневот на угнетувачот?

14. Скоро ќе биде слободен заробеникот, нема да умре во јама, ниту ќе му недостига леб.

15. Зашто, Јас Сум Господ, твојот Бог, Кој го раздвижувам морето за да му бучат брановите, Името Ми е Господ над Војските.

16. Своите зборови ги ставив во твојата уста, во сенката на Својата рака те скрив кога ги распрострев небесата, кога ја основав земјата и кога му реков на Сион: ‘Ти си Мој народ!’”

17. Разбуди се, разбуди се, стани Ерусалиме! Ти кој ја пиеше од Господовата рака чашата на Неговиот гнев. Ја испи опојната чаша, ја испразни до дното.

18. Од сите синови што ги роди, немаше ниеден за да го води; од сите синови што ги подигна немаше никој за да го придружи.

19. Овие две те погодија - кој те пожали? - разурнувањето и гибелта, гладот и мечот - кој те утеши?

20. Твоите синови лежат изнемоштени по аглите на сите улици, како антилопа во мрежата, полни со Господовиот гнев, со закана на твојот Бог.

21. Затоа, чуј го ова беднику, пијан, но не од вино.

22. Вака зборува Господ, твојот Господ, твојот Бог, бранителот на твојот народ: „Еве, од твојата рака ја земаш опојната чаша, чашата на Својот гнев: не ќе го пиеш веќе.

23. Ќе ја ставам во рацете на твоите угнетувачи, на оние кои ти зборуваа: ‘Наведни се за да поминеме!’ И ти им ги подметнуваше плеќите како почва, како пат за минувачи.”

Прочитајте целосна глава Исаија 51