Стар Завет

Нов Завет

Исаија 57:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Праведникот загинува и никој не го зема тоа при срце. Ги отстрануваат побожните луѓе и никој не сфаќа. Да, заради злото отстранет е праведникот

2. за да би влегол во мир. Секој што оди по прав пат се одморува на своето легло.

3. „Пристапете сега, синови на вражалката, блудничко и прељубничко легло!

4. Со кого се потсмевате, против кого ја отворате устата широко и кому му го плазите јазикот? Не сте ли вие чеда на престап и рожба на лагата?

5. Вие, кои се распалувате меѓу дабовите, под секое зелено дрво, жртвувајќи деца во долините и во расцепнатините на стените!

6. Твојот дел е меѓу поточните каменчиња, тие, тие се твое наследство. Ним им ја излеваш налевницата, ним им принесуваш дарови! Зар да се утешам Јас со тоа?

7. На висока издигната планина си го поставила своето легло, и си се искачила онаму за да принесуваш жртва.

8. Зад вратите и зад довратниците си го поставила својот спомен; далеку од Мене го откриваш своето легло, се искачуваш на него и го шириш. Си се договарала со оние со кои сакаше да лежиш, сè повеќе блудничеше со нив, гледајќи го местото.

9. Со масло трчаш по царот, со многу мирисливи масти, далеку ги испрати своите гласници, се понижи до Подземјето.

Прочитајте целосна глава Исаија 57