Стар Завет

Нов Завет

Исаија 57:16-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Зашто нема да се препирам довека, ниту да се лутам вечно: пред Мене би подлегнале духот и душите што Сум ги создал.

17. Заради гревот на неговата лакомост се разгневив, го удрив и се скрив разгневен. Но тој сврти по своето срце

18. и ги видов неговите патишта. Ќе го излечам, ќе го водам и ќе ги утешам оние што тагуваат со него -

19. ќе ставам пофалба во нивните усни. Мир, мир на оној кој е далеку и кој е близу,” зборува Господ, „Јас ќе те излечам.”

20. Но безбожниците се како разбранувано море, што не може да се смири, неговите бранови исфрлаат тиња и кал.

21. „Нема мир за грешниците!” Зборува мојот Бог.

Прочитајте целосна глава Исаија 57