Стар Завет

Нов Завет

Исаија 59:15-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Вистината исчезна, а кој се отстранува од злото, ќе биде пленет. Господ гледа, и не Му е мило зашто нема правда.

16. Виде дека нема човек, се зачуди дека нема посредник. Тогаш Му помогна Неговата мишка и Неговата правда Го потпре.

17. Ја облече праведноста како оклоп, го стави на главата шлемот на спасението. Со одмаздата се облече како со облека, со ревноста се наметна како со наметка.

18. Ќе му врати секому според неговите дела: Својот гнев на противниците, одмазда на непријателите.

19. Од запад ќе се исплашат од Господовото Име и Неговата Слава од сончевиот исток. Зашто ќе дојде како пороен поток, тласкан од Господовиот здив.

20. Но ќе му дојде Искупител на Сион, и на оние од Јакововите синови кои ќе се обратат од своето отпадништво,” слово е Господово.

21. „А ова е Мојот Завет со нив,” говори Господ. „Мојот Дух кој е на тебе и Моите зборови што ги ставам во твојата уста, не ќе излезат од твојата уста ни од устата на твоето потомство, ни од устата на потомството на твоите потомци, од сега па довека,” вели Господ.

Прочитајте целосна глава Исаија 59