Стар Завет

Нов Завет

Исаија 6:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во онаа година кога умре царот Озиј, Го видов Господа како седи на висок и возвишен престол. Скутовите на Неговата плаштеница го исполнуваа Храмот.

2. Над Него стоеја серафимите; секој имаше по шест крила: две крила за да го засолне лицето, две крила за нозете, а со две крила леташе.

3. И си велеа еден на друг: „Свет! Свет! Свет е Господ над Воинствата! Сета земја е полна со Неговата слава!”

4. Од грмливите гласови на оние кои воскликнуваа се стресоа довратниците на праговите, а Домот се исполни со дим.

5. Реков: „Тешко мене, пропаднав, зашто сум човек со нечисти усни, живеам во народ со нечисти усни, а моите очи Го видоа Царот, Господ над Војските!”

6. Еден од серафимите долета кон мене: во рацете имаше жар што го зеде со клешти од жртвеникот;

7. се допре со неа до мојата уста и рече: „Еве, ги допре твоите усни, вината ти е симната и гревот очистен.”

Прочитајте целосна глава Исаија 6