Стар Завет

Нов Завет

Исаија 60:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Стани, засвети, зашто твојата светлина доаѓа, над тебе блеска Господовата Слава,

2. а еве, темнината ја покрива земјата, и мракот народите! А тебе те осветлува Господ, и Неговата Слава се јавува над тебе.

3. Народите чекорат кон твојата светлина, и царевите кон исток на твојот сјај.

4. „Подигни ги очите, обѕрни се: сите се собираат, доаѓаат кон тебе. Твоите синови доаѓаат од далеку, ти ги носат ќерките во прегратки.

5. Тогаш ќе гледаш и ќе блескаш од радост, срцето ќе ти игра и ќе се шири, зашто кон тебе ќе затече богатството на морето, богатството на народите ќе дојде кон тебе.

Прочитајте целосна глава Исаија 60