Стар Завет

Нов Завет

Исаија 61:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Духот на Господа Бога е на Мене, зашто Господ Ме помаза, Ме испрати да им донесам Радосна Вест на бедните, да ги излечам скршените срца; да им проповедам слобода на заробениците и ослободување на оние во темница;

2. да ја навестам годината на Господовата милост и денот на одмаздата на нашиот Бог;

3. да ги развеселам натажените на Сион и да им дадам венец место пепел, масло на радост место облека на жалост, песна благодарница место очаен дух. И ќе ги викаат Дрвја на Правдата, Господов Расад - за Негова слава.

4. Тие повторно ќе ги кренат старите урнатини, ќе ги подигнат пак запустените места, урнатините и минатите поколенија.”

5. Туѓинците ќе дојдат за да ги пасат стадата, странци ќе ви бидат земјоделци и лозари.

6. А вас ќе ве викаат: „Господови Свештеници,” ќе ве наречуваат: „Служители на нашиот Бог.” Ќе ги уживате богатствата на народите, ќе се гордеете со нивните блага.

7. Двоен беше нивниот срам - ругањето и презирот им беа наследство - затоа ќе наследат двојно во својата земја, нивната радост ќе биде вечна.

8. „Зашто Јас, Господ, ја љубам правдата, а го мразам неправедниот грабеж. Ќе ги наградам верно и ќе склучам со нив вечен Завет.

Прочитајте целосна глава Исаија 61