Стар Завет

Нов Завет

Исаија 63:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кој е тој што доаѓа од Едом, од Восор, во црвени облеки? Кој е тој што, величествено облечен, чекори полн со сила? „Јас Сум, Кој зборувам правда, Силен кога спасувам!

2. Зошто е црвена твојата облека, и рувото како кај оној кој гази во кацата?

3. - Самиот газев во кацата, од народите никој не беше. Ги изгазив во Својот гнев и ги згмечив во Својата јарост. Нивната крв Ми ја испрска облеката, го извалкав сето Свое руво.

4. Зашто денот на одмаздата Ми беше во срцето, дојде годината на Моето искупување.

5. Се обѕрнав, но немаше помошник! Се зачудив, но немаше поткрепа. Тогаш Ми помогна Мојата мишка, и Мојата лутина Ме поткрепи.

6. Ги сотрев народите во Својот гнев, сите ги изгазив во јарост, и земјата ја натопив со нивната крв!”

7. Ќе ја славам Господовата љубов, Неговите славни дела - за сè што им стори Господ, за големата добрина кон Израелевиот дом, што ни ја искажа во Својата сомилост, во изобилството на Својата љубов.

Прочитајте целосна глава Исаија 63