Стар Завет

Нов Завет

Исаија 8:1-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ ми рече: „Земи голема плоча и напиши на неа со човечко писмо: Махер Шалал Хаш Баз - Брз грабеж - брз плен.”

2. Потоа зедов веродостојни сведоци, свештениците Уриј и Захариј, синот Еверехиев.

3. & се приближив на пророчицата, па таа зачна и роди син. Господ ми рече: „Наречи го Махер Шалал Хаш Баз,

4. зашто пред детето да почне да галеничи ‘тате’ и ‘мамо’, ќе ги однесат пред асирскиот цар сето богатство на Дамаск и пленот од Самарија.”

5. И Господ ми рече пак:

6. „Бидејќи народот ги отфрла тивко течечките води на Силоам, а трепери пред Ресин и пред Ремлиевиот син,

7. Господ ќе ја наврати на вас силната и голема вода Еуфрат - асирскиот цар и сета негова слава - и таа ќе излезе од своето корито, ќе се прелее преку своите брегови;

8. ќе навлезе во Јудеја, ќе се разлее и ќе ја преплави, ќе се искачи до нејзиното грло; и ќе ги рашири своите крила преку целата твоја земја, о Емануеле.

9. Здружете се само, народи, но ќе бидете здробени! Послушајте вие далечни цареви, вооружувајте се, ќе бидете раздробени, опашувајте се, ќе бидете раздробени!

10. Договорувајте се, договорот ќе ви биде уништен, советувајте се само, ќе биде напразно, зашто Бог е со нас!”

11. Зашто, Господ ми рече вака, кога ме фати со раката и кога ме опомена да не одам по патот по кој оди овој народ, велејќи:

12. „Не наречувајте го завера сè она што овој народ го вика завера; не плашете се од она од што се бои тој и немајте страв.

13. Господ над Воинствата - единствено Тој нека ви биде свет; бојте се единствено од Него, нека ве проникне стравот од Него.

14. Тој ќе ви биде стапица и камен на сопнување и стена на соблазнување за двете Израелеви куќи, стапица и мрежа за сите Ерусалимци.

15. Мнозина од нив ќе се сопнат, ќе паднат, ќе се разбијат, ќе се заплеткаат, ќе бидат фатени.”

Прочитајте целосна глава Исаија 8