Стар Завет

Нов Завет

Исаија 9:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во прво време Тој ја понижи Завулоновата Земја и Нефталимовата Земја, но во последното време Тој ќе го прослави патот покрај морето од онаа страна на Јордан - незнабожечката Галилеја.

2. Народ кој одеше во темнина, виде голема светлина; оние што живееја во мрачна земја, ги осветли силна светлина.

3. Ти го умножи народот, ја зголеми веселбата, и тие се радуваат пред Тебе, како што луѓето и се радуваат на жетвата, како што викаат кога се дели пленот.

4. Неговото тешко бреме, прачката што му ги притискаше плеќите, бичот на неговиот гонител, ги скрши како во мадијамскиот ден.

5. Да, сите воени обувки, секоја облека натопена во крв, ќе изгорат и ќе му бидат храна на огнот.

6. Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.

7. Неговата власт ќе се шири надалеку и не ќе има крај на мирот над Давидовиот престол, над неговото царство: ќе го зацврсти и ќе го утврди во правина и во праведност. Отсега и довека ќе го направи тоа приврзаната љубов на Господа над Воинствата.

8. Господ испрати слово на Јакова и тоа падна на Израел.

9. Го научи сиот Негов народ, Ефрем и жителите на Самарија кои велеа со надуено и горделиво срце:

10. „Ни пропаднаа тулите, ќе градиме од делкан камен; ни ги исекоа дивите смокви, ќе посадиме кедри.”

11. Но Господ ги подигна на гората Сион неговите противници и ги подбуцнува неговите непријатели:

Прочитајте целосна глава Исаија 9