Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 19:4-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Елтолад, Ветул, Орма:

5. Сиклаг, Вет-Маркавот, Асар-Суса;

6. Вет-Леваот и Саруен: тринаесет градови и нивните села.

7. Аин, Ремон, Етер и Ашан: четири градови и нивните села.

8. И сите населби што се околу тие градови, до Валат-Вира, Раман Негев. Тоа е наследството на племето на Симеоновите синови според нивните семејства.

9. Наследството на Симеоновите синови беше од делот на Јудините синови, зашто делот доделен на Јудините синови беше преголем за нив. Затоа Симеоновите синови го добија своето наследство среде нивното наследство.

10. Третата жрепка излезе за синовите на Завулоновото племе според нивните семејства: нивното подрачје стигаше до Сарида,

11. откаде нивната меѓа се искачуваше на запад до Марала, стигнуваше до Давасет и допираше до потокот што е спроти Јокнеам.

12. Од Сарида меѓата свртуваше кон исток, сè до меѓата на Кислот-Тавор, откаде излегуваше до Даврат и се искачуваше до Јафа.

13. А оттаму одеше пак кон исток, до Гита Ефер и до Ита-Касин, излегуваше на Ремон и се враќаше до Неа.

14. Оттаму свртуваше од север околу Анатон и завршуваше во долината Јефта-Ил.

15. Па Катат, Налал, Симрон, Идал и Витлеем: дванаесет градови со своите села.

16. Тоа беше наследството на Завулоновите синови според нивните семејства: тие градови со нивните села.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 19