Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 19:40-51 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

40. Седмата жрепка излезе за племето на Дановите синови според нивните семејства.

41. Подрачјето на нивното наследство беше: Сар, Естаол, Ир-Семес,

42. Салавин, Ајалон, Етла,

43. Елон, Тамната, Акарон,

44. Елтекон, Гиветон, Валат,

45. Јуд, Вани-Варак, Гат-Римон,

46. Ме-Јаркон и Ракон со подрачјето кон Јопа.

47. Ама подрачјето на Дановите синови беше претесно за нив; затоа Дановите синови удрија на Лесем, го освоија и погубија сè со острилото на мечот, и Лесем го нарекоа Дан, по името на Дан, својот татко.

48. Тоа е наследството на племето на Дановите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.

49. Кога ја завршија делбата на земјата со жрепка и ги утврдија нејзините меѓи, Израелците му дадоа на Нсуса, синот Навинов, наследство во својата средина.

50. По Господовата заповед му го дадоа градот што го сакаше за себе: Тамнат-Сарах во Ефремовата Гора; тој го утврди градот и се настани во него.

51. Тоа се наследствата што свештеникот Елеазар и Исус, синот Навинов, и главатарите на израелските племиња ги поделија со жрепка меѓу израелските племиња во Сило, пред Господа, при вратата на Шаторот на средбата. Така ја завршија делбата на земјата.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 19