Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 19:44-50 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

44. Елтекон, Гиветон, Валат,

45. Јуд, Вани-Варак, Гат-Римон,

46. Ме-Јаркон и Ракон со подрачјето кон Јопа.

47. Ама подрачјето на Дановите синови беше претесно за нив; затоа Дановите синови удрија на Лесем, го освоија и погубија сè со острилото на мечот, и Лесем го нарекоа Дан, по името на Дан, својот татко.

48. Тоа е наследството на племето на Дановите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.

49. Кога ја завршија делбата на земјата со жрепка и ги утврдија нејзините меѓи, Израелците му дадоа на Нсуса, синот Навинов, наследство во својата средина.

50. По Господовата заповед му го дадоа градот што го сакаше за себе: Тамнат-Сарах во Ефремовата Гора; тој го утврди градот и се настани во него.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 19