Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 24:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Исус ги собра сите Израелеви племиња во Сихем; и ги свика Израелевите старешини, главатарите, судиите и управителите нивни, и тие застанаа пред Господа.

2. Тогаш Исус му рече на целиот народ: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Некогаш вашите татковци, Тара, Аврамовиот и Нахоровиот татко, живееја од онаа страна на Реката и им служеа на другите богови.

3. Но Јас го зедов вашиот татко Авраам од онаа страна на Реката и го поминав низ сета Ханаанска Земја, му го намножив потомството и му го дадов Исака.

4. На Исака му ги дадов Јакова и Исава. На Исава му ја дадов гората Сир во сопственост. Јаков и неговите синови отидоа во Египет.

5. Тогаш ги испратив Мојсеја и Арона и го удрив Египет со казните што ги направив во него, и тогаш ве изведов.

6. Ги изведов вашите татковци од Египет, и стигнаа на море; Египетците ги гонеа вашите татковци со бојни коли со коњаници сè до Црвеното Море.

7. Тогаш извикаа кон Господа, и тој развлече густа магла меѓу нив и Египетците и ги воведе во морето, што ги прекри. Видовте со своите очи што им сторив на Египетците; потоа останавте долго време во пустината.

8. После ве воведов во земјата на Аморејците, кои живеат отаде Јордан. Завојуваа со вас и Јас ги предадов во вашите раце; ја зедовте во наследство нивната земја, зашто Јас ги уништив од пред вас.

9. Тогаш се крена Моавскиот цар Валак, синот Сефоров, за да војува со Израел, и тој го повика Валаама, синот Веоров за да ве проколне.

10. Но Јас не бев волен да го послушам Валаама, и тој ве благослови, и ве спасив од неговата рака.

11. Тогаш поминавте преку Јордан и дојдовте во Ерихон, главатарите на Ерихон поведоа војна против вас - како и Аморејците, Ферезејците, Ханаанците, Хетејците, Гергесејците, Евејците и Евусејците - но Јас ги предадов во вашите раце.

12. Јас испратив пред вас стршели, кои тераа пред вас два аморејски цареви: нема што да им благодариш на својот меч ни на својот лак.

13. Ви дадов земја, за која не се трудевте, и градови, кои не ги градевте, и се населивте во нив; ви дадов и лозја и маслинови градини, што не ги садевте, а денес ве хранат.’

Прочитајте целосна глава Исус Навин 24