Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 7:18-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Најпосле Исус нареди да пристапи Завдиевото семејство, мажите еден по еден, и беше најден Ахан, син на Хармиј, син Завдиев, син Зарин, од Јудиното племе.

19. Тогаш Исус му рече на Ахан: „Сине мој, воздај Му слава на Господа, Израелевиот Бог, и признај Му што си направил; објасни што си сторил и немој ништо да криеш.”

20. Ахан му рече на Исуса: „Навистина, јас Му згрешив на Господа, Израелевиот Бог, и еве што направив:

21. видов во пленот убава вавилонска наметка, две стотини сикли сребро и златна плоча што тежи педесет сикли, па се полакомив и ги зедов за себе. Ене сè е закопано среде мојот шатор, а среброто е одоздола.”

22. Тогаш Исус испрати пратеници, кои отрчаа во шаторот. И ете, сè беше закопано во шаторот, а среброто одоздола.

23. Зедоа сè од шаторот и им го донесоа на Исуса и на Израелевите старешини и го положија пред Господа.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 7