Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 7:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Се вратија при Исуса, му рекоа: „Не треба натаму да се искачува сиот народ; две до три илјади нека отидат за да го освојат Гај. Не мачи го таму сиот народ, зашто таму има малкумина.”

4. Тргнаа натаму околу три илјади луѓе од сиот народ, и избегаа пред оние од Гај.

5. Гајците погубија околу триесет и шест луѓе, и ги тераа од пред своите врати до Сиварим: ги истепаа на стрмината. Тогаш се стопи срцето на народот, како да му е вода во жилите.

6. Исус ги раздра своите облеки и се фрли ничкум пред Господовиот Ковчег, и остана така до вечерта, тој и старешините во Израел, откако ги посипаа главите со пепел.

7. Тогаш Исус рече: „Ах, Господи Боже, зошто го преведе овој народ преку Јордан? За да нè предадеш во рацете на Аморејците за да не погубат? Камо среќа да останевме на онаа страна на Јордан!

8. Прости, Господи! Што да речам друго, кога Израел ги сврте плеќите пред своите непријатели?

9. Ако го чујат тоа Ханаанците и другите жители на земјата, ќе се здружат против нас и ќе го избришат нашето име од земјата. И така, што ќе направиш за Своето големо Име?”

Прочитајте целосна глава Исус Навин 7