Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 9:19-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Тогаш сите главатари и рекоа на заедницата: „Ние им се заколнавме во Господа, Израелевиот Бог, и затоа не смееме да ги гибаме.

20. Еве што ќе правиме: да ги оставиме да живеат, за да не нè стигне гнев заради заклетвата со која се заколнавме.”

21. Уште главатарите додадоа: „Нека живеат и нека бидат дрвосечачи и водоносци на целата заедница.” Сето општество го прифати тоа што го рекоа главатарите.

22. Исус ги повика Гаваонците и им рече: „Зашто нè измамивте, велејќи: ‘Многу сме далеку од вас,’ кога, ете, живеете среде нас?

23. Затоа сега ќе биде клетва врз вас, и никогаш не ќе го снема ропството меѓу вас: ќе бидете дрвосечачи и водоносци за Домот на мојот Бог.”

24. Тие му одговорија на Исуса: „Од сите страни стигнуваа гласови до нас, до твоите слуги, како Господ, твојот Бог, му одреди на Мојсеја, на Својот слуга, дека ќе ви ја даде сета земја и дека ќе ги истреби пред вас сите жители на оваа земја; многу се исплашивме од вас за своите животи и затоа го направивме ова.

25. И ете, сега сме во твоите раце: направи со нас што мислиш дека е добро и право.”

26. А Тој им направи вака: ги избави од рацете на Израелевите синови, па не ги погубија.

27. И од тој ден Исус им нареди да сечат дрва и да носат вода, сè до денес, за заедницата и за Господвиот жртвеник, на местото кое и да се избере.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 9