Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 20:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството.

3. Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене.

4. Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.

5. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение,

6. а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 20