Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 28:2-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Направи му на својот брат Арон света облека, за слава и за величественост.

3. Обрни им се на сите вешти луѓе, кои ги надарив со мудрост, нека му направат облека на Арона, за да се посвети и за да ја врши свештеничката служба во Моја чест.

4. Нека ја направат следнава облека: врзградник, наплеќник, наметка, кошула обрабена со реси, капа и појас; нека направат света облека за твојот брат Арон и за неговите синови, за да Ми служат како свештеници.

5. Затоа тие нека примаат злато, љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен.

6. Наплеќникот нека го направат од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен - вешто изработен.

7. Нека има на него две прерамки, прицврстени за неговите краеви.

8. Ткаенината што ќе биде на него, нека е направена како и него: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен, а нека составуваат со него едно парче.

9. Потоа земи два бесценети камења - оникси и врежи ги во нив имињата на Израелевите синови:

10. шест нивни имиња на еден камен, а другите шест имиња на другиот камен, според нивното раѓање.

11. Како што копаничарот на скапоцениот камен ги врежува печатите врз прстените, така и ти врежи ги имињата на Израелевите синови. Околу нив навези златен раб,

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 28