Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 29:13-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Земи го сето мрсно околу дробот, мрежичката на црниот дроб и двата бубрега со мрсното околу нив, па изгори ги на жртвеникот.

14. Месото од јунецот, неговата кожа и неговата нечистотија изгори ги во оган надвор од логорот. Тоа е жртва покајница за грев.”

15. „Потоа земи еден овен, па Арон и неговите синови нека ги положат своите раце врз неговата глава.

16. И заколи го овенот, собери му ја крвта и попрскај го со неа жртвеникот од сите страни.

17. Потоа насечи го овенот на делови, измиј му ја внатрешноста и нозете и положи ги врз неговите други делови и врз главата.

18. И тогаш изгори го целиот овен на жртвеникот. Тоа е жртва паленица во чест на Господа, пријатен мирис, огнена жртва.”

19. „Тогаш земи го вториот овен, па Арон и неговите синови нека ги положат своите раце на главата на овенот.

20. Сега заколи го овенот; собери му ја крвта и намачкај ги: месестиот дел на десното Ароново уво, месестиот дел на увото на неговите синови, палецот на нивната десна рака па палецот на нивната десна нога. Со остатокот од крвта плисни го жртвеникот наоколу.

21. Потоа земи ја крвта што остана на жртвеникот и маслото за помазание и попрскај ги Арона и неговата облека, и неговите синови и нивните облеки. Така ќе бидат посветени тој и неговата облека, неговите синови и нивните облеки.”

22. „Потоа земи еден овен со лој, со мрсна опашка, со лој околу дробот, мрежичката на црниот дроб, двата бубрега и мрсното околу нив; десната плешка - зашто е тоа овен принесен за свештеничко посветување -

23. потоа еден тркалест леб, еден колак со масло и една кора од кошницата на бесквасниот леб што е пред Господа.

24. Сето тоа сложи им го на рацете на Арона и на неговите синови и принеси жртва вртена пред Господа.

25. Тогаш земи ги од нивните раце и изгори ги на жртвеникот, над жртвата паленица, за пријатен мирис пред Господа. Тоа е палена жртва во чест на Господа.

26. Потоа земи ги градите на овенот принесен за Ароновото посветување и принеси ги како жртва вртена пред Господа. Тоа нека биде твој дел.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 29