Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 35:22-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Се стрчаа мажите и жените: сите кои срцето ги влечеше донесоа: запнувачки, обетки, прстења, нараквици, огрлици и разновидни златни накити; сите што имаа заветувано некаква златна работа во чест на Господа.

23. Сите кај кои се најдоа љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен, направени овновски кожи или јазовечки кожи, го донесоа своето.

24. Натаму, секој што можеше да даде некаков дар во сребро или во бронза, го донесе тоа како принос во чест на Господа. Секој кај кого се најде багремово дрво за употреба во која и да е работа, го донесе.

25. Сите жени кои беа вешти предеа со своите раце и го донесуваа тоа што го испредоа: љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен.

26. Сите жени пак, кои ги поттикнуваше нивното срце заради нивната вештина, предеа козина.

27. Главатарите донесуваа оникс и други бесцени камења за вметнување во плеќникот и врзградникот;

28. па мириси и масло за осветление, миро за помазание и благомирислив темјан.

29. И така Израелците - сите мажи и сите жени, кои ги поттикнуваше срцето да придонесат што и да е за работата што Господ ја нареди преку Мојсеја да биде извршена - го донесоа тоа како доброволен принос во чест на Господа.

30. Потоа Мојсеј им рече на Израелците: „Гледате! Господ го назначи по име Веселеила, Уриевиот син, од Оровото колено, а од Јудиното племе.

31. Го исполни него со Божји Дух, мудрост, му даде разум и секаква вештина:

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 35