Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 37:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Одвнатре и однадвор го опкова со чисто злато. Наоколу му направи златен завршен појас.

3. И му одлеа четири колца на неговите четири агли: две колца од едната страна, а две колца на неговата друга страна.

4. Направи и ластегарки од багремово дрво и ги опкова со злато;

5. потоа ги провлече ластегарките низ колцата на Ковчегот од страна, за носење на Ковчегот.

6. Потоа направи Очистилиште од чисто злато, долго два ипол лакти, а широко лакот ипол.

7. Направи и два херувима од ковано злато, на двата краја на Очистилиштето:

8. еден херувим на едниот крај, а другиот херувим на другиот крај. Херувимите на двата краја ги направи од еден дел со Очистилиштето.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 37