Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 40:14-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Доведи ги и неговите синови, облечи ги во кошулите

15. и помажи ги, како што го помаза и нивниот татко, за да Ми служат како свештеници. Нивното помазание нека ги воведе во вечно свештенство, во сите нивни поколенија.”

16. Мојсеј направи вака. Како што му заповеда Господ, сè и така направи.

17. Во првиот ден на првиот месец на втората година, Шаторот беше подигнат.

18. Мојсеј го намести Шаторот вака: ги размести неговите подножја, тогаш ги исправи нагоре неговите даски, потоа ги постави лостовите и подигна столбови.

19. Потоа распростре покривало над Шаторот, а над него го стави покривот на Шаторот, како што Господ му нареди на Мојсеја.

20. Тогаш го зеде Сведоштвото и го положи во Ковчегот; ги провлече ластегарките на Ковчегот; потоа го намести Очистилиштето одозгора на Ковчегот.

21. Потоа го внесе Ковчегот во Шаторот; ја обеси завесата за засолнување. Така го засолна Ковчегот на сведоштвото, како што Господ и му нареди на Мојсеја.

22. Потоа го положи столот во Шаторот на средбата, на северната страна на Шаторот, но надвор од завесата.

23. На него ги принесе лебовите пред Господа, како што Господ му нареди на Мојсеја.

24. Тогаш го смести светилникот во Шаторот на средбата спроти столот, на јужната страна на Шаторот.

25. И ги запали светилките пред Господа, како што Господ му нареди на Мојсеја.

26. Златниот жртвеник го смести во Шаторот на средбата, пред завесата.

27. Запали врз него благомиризлив темјан, како што Господ му нареди на Мојсеја.

28. Потоа ја закачи завесата на влезот во Шаторот.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 40