Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 9:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Оди при фараонот и речи му: ‘Господ, Бог на Евреите, порачува вака: „Пушти го Мојот народ да замине и да ми искаже почитување.

2. Ако не го пуштиш, туку го задржуваш и натаму,

3. Господовата рака ќе удри со страшен помор по твојот добиток што е во полето: по коњите, ослињата, камилите, по крупниот и ситниот добиток.

4. Господ ќе го разликува добитокот на Израелците од добитокот на Египетците, така што нема да настрада ништо што им припаѓа на Израелците.”‘„

5. Господ го одреди и времето, велејќи: „Утре, Господ ќе го направи ова во земјата.”

6. Утреден Господ така и направи. Сиот добиток на Египетците изумре, а од добитокот на Израелците не изумре ниту едно грло.

7. Фараонот истражуваше и се увери дека од израелскиот добиток не изумре ниту едно грло. Ама фараоновото срце сепак се закорави, и не го пушти народот.

8. Господ им рече на Мојсеја и Арона: „Земете полни грстови пепел од печката, па Мојсеј нека ја фрли, пред фараоновите очи, кон небото.

9. Од тоа ќе стане ситен прав по сета Египетска Земја, и ќе предизвика отоци и ќе создаде чирови и на луѓето и на животните, од едниот до другиот крај на Египет.”

10. Така тие зедоа пепел од печката и дојдоа пред фараонот. Тогаш Мојсеј ја расфрли пепелта кон небото, и отоците и чировите ги покрија луѓето и животните.

11. Ни волшебниците не можеа да се појават пред Мојсеја, зашто и вражалците, како и сите други Египетци, беа покриени со чирови.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 9