Стар Завет

Нов Завет

Изреки 1:21-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. проповеда по бучни агли, при отворените градски врати, ги говори своите зборови:

22. „До кога, вие глупави, ќе ја љубите глупоста, и до кога на потсмевачите ќе им биде мило потсмевањето, и до кога безумниците ќе го мразат знаењето?

23. Послушајте ја мојата опомена! Ете, го излевам својот дух пред вас, сакам да ве поучам со свои зборови.

24. Колку ве повикував, а вие одбивавте; ја испружував раката, но никој не ја забележа;

25. туку го отфрливте секој мој совет и не ги послушавте моите опомени.

26. Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст, ќе се потсмевам кога ќе ве снајде тешкотија;

27. кога стравот ќе навали врз вас како невреме и кога пропаста ќе ве грабне како виор, кога ќе се навалат врз вас неволјата и маката.

28. Тогаш ќе ме викате, но јас нема да одговарам; ќе ме барате, но нема да ме најдете.

29. Зашто го мразеа знаењето и не го избраа Господовиот страв,

30. ниту го послушаа мојот совет, туку ја презреа секоја моја опомена.

31. Затоа ќе јадат плод од своето владеење и ќе се наситат со сопствени совети.

32. Зашто глупавите ќе ги убие нивното одбивање, а безумните ќе ги уништи невниманието,

33. а кој ме слуша мене, останува безгрижен и живее спокојно без страв од зло.”

Прочитајте целосна глава Изреки 1