Стар Завет

Нов Завет

Изреки 10:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ословици Соломонови: Мудриот син го радува таткото, а безумниот син е тага на својата мајка.

2. Не ползува ништо нечесно богатство, додека праведноста избавува од смрт.

3. Господ не остава да гладува душата на праведниот. но ја отфрла лакомоста на нечесните.

4. Мрзливата рака го осиромашува човекот, а трудољубивата го збогатува.

5. Кој собира лете, разумен син е, а кој спие во жетвата донесува срам.

Прочитајте целосна глава Изреки 10