16. Праведниот печали за живот, а нечесниот печали за грев.
17. Кој се придржува до поуките, е на патот на животот, а кој го отфрла укорот се заблудува.
18. Лажливите усни ја кријат омразата, а кој шири клевети - безумен е!
19. Изобилство зборови не бидува без грев, а кој го воздржува својот јазик, разумен е.
20. Праведниковиот јазик е одбрано сребро, а срцето на нечесниот е безвредно.
21. Усните на праведниот се храна на мнозина, а глупавите умираат од недостаток на разум.
22. Господовиот благослов збогатува и не придодава никаква мака.
23. За безумниот е радост да направи срамно дело, а за разумниот да биде мудар.
24. Од што се плаши нечесниот, тоа ќе го најде, а желбата на праведниот се исполнува.