26. Какви се киселината за забите и димот за очите, таков е мрзливецот за оние што го праќаат.
27. Стравот од Господа ги умножува деновите, а на нечесните им се скратуваат годините.
28. Надежта на праведните е полна со радост, а надежта на нечесните пропаѓа.
29. Господовиот пат е закрила на праведникот, а пропаст за оние што прават зло.
30. Праведникот никогаш нема да се поколеба, а нечесните ќе ги снема од лицето на земјата.
31. Од устата на праведникот блика мудрост, а лажливиот јазик ќе биде отсечен.
32. Усните на праведникот знаат што е благопријатно, додека устата на нечесните што е злобата.