Стар Завет

Нов Завет

Изреки 12:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Праведникот не го стигнува никаква неволја, а нечесните се исполнети со зло.

22. Одвратни Му се на Господа лажливите усни, а Му се мили кои зборуваат вистина.

23. Благоразумниот човек го прикрива своето знаење, а безумничкото срце ја разгласува својата глупост.

24. Трудољубивата рака ќе владее, а безгрижните ќе одат кон подложност.

25. Грижата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го весели.

Прочитајте целосна глава Изреки 12