1. Мудриот син ја слуша татковата поука, а потсмевачот не го слуша изобличувањето.
2. Од плодот на својата уста човекот ја ужива добрината, а срцето на беззакониците е полно со насилство.
3. Кој ја пази својата уста го пази својот живот, а кој зборува невнимателно, за главата му е.
4. Душата на мрзливиот сака но без успех, а ќе се исполни желбата на трудољубивите.
5. Праведникот мрази лажлив збор, а нечесниот постапува нечесно и срамно.
6. Правдата го чува непорочниот во патот, а гревот го сосипува грешникот.
7. Некој се преправа на богат, а нема ништо; некој се преправа на беден, а има големо богатство.
8. Со своето богатство човекот го откупува животот, а бедниот не ги слуша заплашувањата.
9. Светлината на праведните секогаш е радост, а светилката на нечесниот гаси.
10. Гордоста раѓа само препирки, а мудроста е во оние, кои примаат совет.