Стар Завет

Нов Завет

Изреки 13:7-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Некој се преправа на богат, а нема ништо; некој се преправа на беден, а има големо богатство.

8. Со своето богатство човекот го откупува животот, а бедниот не ги слуша заплашувањата.

9. Светлината на праведните секогаш е радост, а светилката на нечесниот гаси.

10. Гордоста раѓа само препирки, а мудроста е во оние, кои примаат совет.

11. Со измама придобиено богатство исчезнува, а кој собира со труд, го умножува.

12. Одложуваната надеж го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е дрво на животот.

13. Кој го презира словото, тој пропаѓа, а кој ги почитува заповедите, добива плата.

14. Поуката на мудриот е животен извор, таа избавува од примките на смртта.

15. Добриот разум прибавува пријатност, а патот на беззакониците е нерамен.

16. Секој умен дејствува промислено, а безумникот се фали со својата лудост.

17. Лошиот гласник паѓа во зло, а верниот пратеник донесува исцеление.

18. Сиромаштија и срам ќе дојде за оној, кој ја отфрла поуката, а кој го прима укорот ќе дојде до чест.

19. Слатка и е на душата исполнетата желба, а на безумниците им е омразено да се отстрануваат од злото.

20. Дружи се со мудрите, и ќе станеш мудар, а кој другарува со безумниците станува лош.

Прочитајте целосна глава Изреки 13