17. Избувливиот човек прави лудости, и зломисленикот ќе биде замразен.
18. Глупавите ја наследуваат лудоста, а мудрите ги овенчува знаењето.
19. Лошите се поклонуваат пред добрите, и нечесните пред вратите на праведникот.
20. Сиромавиот им е омразен и на своите пријатели, а богатиот има многу другари.
21. Греши кој го презира својот ближен, а блазе на оној кој е милостив кон сиромасите.
22. Не одат ли по заблуда оние што смислуваат зло? А зар не се добрината и верноста со оние што смислуваат добро.
23. Од секој труд има полза, а од брбливоста на усните само сиромаштво.
24. На мудрите венец им е нивното богатство, а глупоста на безумните е нивната лудост.