Стар Завет

Нов Завет

Изреки 14:25-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Вистинскиот сведок избавува души, а лажниот сведок истура лаги.

26. Во стравот од Господа е голема верба, и е прибежиште за неговите синови.

27. Стравот од Господа е извор на животот; Тој избавува од стапицата на смртта.

28. Многуброен народ е слава за царот, а без луѓе владетелот пропаѓа.

29. Кој се гневи бавно има големо разбирање, а избувливиот во дух покажува глупост.

30. Тивкото срце е живот на телото, а љубомората е гнилеж во коските.

31. Кој го угнетува бедниот, го навредува неговиот Творец, а кој е милостив кон бедниот Го почитува.

32. Нечесниот пропаѓа заради сопствената пакост, а праведникот и при самата смрт наоѓа засолниште.

33. Мудроста почива во разумно срце, а што е во безумниот тоа и се покажува.

34. Правдата го возвишува народот, а гревот е срам на народите.

35. Царската наклонетост е кон разумниот слуга а неговиот гнев - против оној кој го срами.

Прочитајте целосна глава Изреки 14