7. Оди си од безумниот човек, зашто нема да запознаеш усни што зборуваат знаење.
8. Мудроста на мудриот човек е во тоа: што внимава на својот пат, а глупоста на безумникот е заблуда.
9. На лудите гревот им е шега, а среде праведните е Божјата наклонетост.
10. Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг.
11. Домот на нечесните ќе пропадне а живеалиштето на праведниците ќе процвета.
12. Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта.
13. И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага.
14. Лукавиот се сити со своите престапи, а добриот човек со својот труд.
15. Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор.
16. Мудриот се бои и се отклонува од злото, а безумниот се распалува и е смел.
17. Избувливиот човек прави лудости, и зломисленикот ќе биде замразен.
18. Глупавите ја наследуваат лудоста, а мудрите ги овенчува знаењето.
19. Лошите се поклонуваат пред добрите, и нечесните пред вратите на праведникот.
20. Сиромавиот им е омразен и на своите пријатели, а богатиот има многу другари.
21. Греши кој го презира својот ближен, а блазе на оној кој е милостив кон сиромасите.
22. Не одат ли по заблуда оние што смислуваат зло? А зар не се добрината и верноста со оние што смислуваат добро.