Стар Завет

Нов Завет

Изреки 15:28-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Праведниковото срце смислува одговор, а устата на нечесниот зборува злоба.

29. Далеку е Господ од нечесните, а ја слуша молитвата на праведните.

30. Бистриот поглед го развеселува срцето, и радосната вест ги гои коските.

31. Увото што го послушува спасоносното изобличување живее меѓу мудреците.

32. Кој отфрла поука ја презира сопствената душа, а кој прима поправка, се здобива со разум.

33. Стравот од Господа е училиште на мудроста, зашто смиреноста оди пред славата.

Прочитајте целосна глава Изреки 15