Стар Завет

Нов Завет

Изреки 16:13-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Пријатни им се на царевите праведни усни, и тие го љубат оној кој зборува вистина.

14. Царевиот гнев е вестител на смртта, но мудриот човек го ублажува.

15. Во ведрото лице на царот е живот, и неговата милост е како облак со пролетен дожд.

16. Пополезно е да се стекне мудрост, отколку злато, и придобивањето на разум е поскапоцено, отколку среброто.

17. Патот на праведните е: да се отстрануваат од злото, и кој внимава на својот пат, го чува својот живот.

18. Гордоста врви пред гибелта, и високоумноста пред паѓањето.

19. Подобро е да се биде кроток со понизните, отколку да се дели плен со горделивите.

20. Кој внимава на зборот, наоѓа добро, и кој се надева на Господа, блажен е.

21. Мудриот во срцето се наречува разумен, и слаткото зборување го зголемува знаењето.

22. Разумот е извор на живот на оние што го имаат, а на безумните им е казна нивната глупост.

23. Срцето на мудрецот ја вразумува неговата уста; му го умножува знаењето на усните.

Прочитајте целосна глава Изреки 16