Стар Завет

Нов Завет

Изреки 16:14-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Царевиот гнев е вестител на смртта, но мудриот човек го ублажува.

15. Во ведрото лице на царот е живот, и неговата милост е како облак со пролетен дожд.

16. Пополезно е да се стекне мудрост, отколку злато, и придобивањето на разум е поскапоцено, отколку среброто.

17. Патот на праведните е: да се отстрануваат од злото, и кој внимава на својот пат, го чува својот живот.

18. Гордоста врви пред гибелта, и високоумноста пред паѓањето.

19. Подобро е да се биде кроток со понизните, отколку да се дели плен со горделивите.

20. Кој внимава на зборот, наоѓа добро, и кој се надева на Господа, блажен е.

21. Мудриот во срцето се наречува разумен, и слаткото зборување го зголемува знаењето.

22. Разумот е извор на живот на оние што го имаат, а на безумните им е казна нивната глупост.

23. Срцето на мудрецот ја вразумува неговата уста; му го умножува знаењето на усните.

24. Љубезните зборови се мед во саќи, сладост на душата и лек на коските.

25. Некој пат му се чини прав на човекот, а на крајот води кон смртта.

26. Гладот на трудбеникот работи за него, зашто го тера неговата уста.

27. Никаквецот приготвува само зло и во усните му е пламенен оган.

28. Лукавиот човек сее раздор, и клеветникот ги разделува најверните пријателите.

29. Насилникот го заведува својот ближен и го наведува на лош пат.

30. Кој намигнува со очите, смислува опакост, а кој ги стиска усните, веќе смислил пакост.

Прочитајте целосна глава Изреки 16