Стар Завет

Нов Завет

Изреки 17:20-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Опакиот во срцето не наоѓа добро, и кому јазикот му е лош, западнува во несреќа.

21. Кој ќе роди безумник, на тага му е; а не е весел ни таткото на лудиот.

22. Веселото срце е одличен лек, а невеселиот дух ги суши коските.

23. Нечесниот прима подарок од под пазуви, за да ги искриви патиштата на правдата.

24. Разумниот ја има мудроста пред себе, а очите на безумниот се кон крајот на земјата.

25. Безумниот син е грижа на татка си и жалост на својата мајка.

26. Не чини да биде казнуван праведникот, а не е право ни да бидат биени благородните.

27. Разумниот се воздржува во своите зборови, а трпеливиот човек е благоразумен.

28. И глупецот се смета за мудар кога молчи, и за разумен, кога ги воздржува своите усни.

Прочитајте целосна глава Изреки 17