Стар Завет

Нов Завет

Изреки 19:8-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Кој стекнува разумност, си ја сака душата, а кој го чува разумот, наоѓа среќа.

9. Лажливиот сведок не останува без казна, и кој шири лаги, ќе пропадне.

10. Не му прилега на безумен да живее раскошно, уште помалку на слуга да владее над кнезовите.

11. Благоразумието го запира човекот од гнев, и чест му е да ја прости грешката.

12. Гневот на царот е како рикање на лав, а неговата благонаклонетост како роса на трева.

13. Безумниот син е несреќа за својот татко, и женините препирки се постојано прокиснување.

Прочитајте целосна глава Изреки 19