Стар Завет

Нов Завет

Изреки 19:8-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Кој стекнува разумност, си ја сака душата, а кој го чува разумот, наоѓа среќа.

9. Лажливиот сведок не останува без казна, и кој шири лаги, ќе пропадне.

10. Не му прилега на безумен да живее раскошно, уште помалку на слуга да владее над кнезовите.

11. Благоразумието го запира човекот од гнев, и чест му е да ја прости грешката.

12. Гневот на царот е како рикање на лав, а неговата благонаклонетост како роса на трева.

13. Безумниот син е несреќа за својот татко, и женините препирки се постојано прокиснување.

14. Куќата и богатството се наследуваат од татковците, а благоразумната жена е од Господа.

15. Мрзливоста навлекува врз човекот длабок сон, и неработливата душа гладува.

16. Кој се придржува до заповедта, го чува својот живот, а кој не внимава на своите патишта умира.

17. На Господ му позајмува кој е милостив кон бедниот, и Тој ќе му го плати добротворството.

Прочитајте целосна глава Изреки 19